Проект на ЗГ “Идеја проект акција” од Пробиштип

Еколошка едукација за основците од “Никола Карев”

Здружението на граѓаните “Идеја проект акција”, во координација со основ­но­то училиште “Никола Карев” од Про­биш­тип, го реализираа проектот “Еко­­лош­ко просторно уредување на ОУ Ни­ко­ла Карев”. Тој содржи еколошка едукација на учениците, разубавување на училишниот двор со засадување садни­ци, трева и холтикултурно уредување.

“Проектот се одвиваше во три фази – образовен (едукативен), практичен и кампања во локалните медиуми, на др­жа­вното радио и телевизија. Во него учествуваа 800 ученици од прво до осмо одделение, односно сите   уче­ни­ци и иако истиот е формално завршен, ОУ ‘Никола Карев’ се вклучи во мрежата на екоучилишта со што се продолжува јакнењето на свеста и за идните гене­ра­ции ученици”, потенцира Александар Ми­хајловски, координатор на проектот.

Проектот имаше за цел да се влијае врз свеста на учениците, а се реализираше со поддршка од Министерството за жи­вот­на средина – Фонд за животна сре­дина. По завршувањето на актив­нос­ти­те од овој проект, ОУ “Никола Карев” се вклучи во мрежата на екоучилишта во организација на Здружението ОХО, со цел и понатаму активно да работи на еколошка едукација на учениците на по­долг период.     

Д.М.