Амнести интернешнал - САД
Наградата Жинета Саган за Лилјана Раичевиќ од Црна Гора
Фондот основан во чест на Жинета Саган, активистка за човекови права, секоја година доделува награда во висина од 10.000 американски долари како признание и помош во работата на жената/жените за нивната активна работа во заштитата на достоинството, слободите и животите на жените и децата во кризни региони, каде насилството врз овие групи е широко распространето.
Лилјана Раичевиќ, која е посветена на работата за подобрување на условите за живот на сите луѓе во Црна Гора, ја започнала својата престижна кариера како претстадател за Сојузот на здравствените работници. Уште од 1996 година е посветена на менувањето на ставот кон домашното насилство и на обезбедување безбедно огниште за жените и децата, за да стане подоцна застапник во борбата против трговијата со луѓе. „Овие жени работат неуморно и често пати ги ризикуваат своите животи за да обезбедат подобри услови за животот за жените кои никогаш не ги запознале”, вели заменик-претседавачот на Комитетот, Џулиен Трејлор. „Работата на Лилјана ја продолжува таа традиција. Во името на Жинета, комитетот има задоволство да & оддаде почит на кандидатка која не само што работи во област што & е блиска до срцето, туку е дел од големата кампања на Амнести интернешнал, која има за цел да му стави крај на насилството врз жените.” За подетално објаснување и преглед на состојбите со трговијата со луѓе во Србија и Црна Гора, посетете ја страницата на Амнести интернешнал (Амнестѕ Интернатионал)
|
|