ЕУ

Грантови за еколошки проекти во БиХ

Делегацијата на Европската комисија за БиХ бара предлози за поддршка на граѓанското општество активно на полето на животната средина. Повикот има за цел подобрување на капацитетот за застапување и учеството на граѓанското општество, подигнување на свеста и образование. Организациите од замјите на КАРДС, земјите кандидатки за ЕУ и Турција се подобни за акцијата. Големината на грантот изнесува помеѓу 20.000 и 100.000 евра. Целосните насоки за апликантите ќе бидат достапни за консултација во седиштето на Делегацијата на Европската комисија за БиХ, Дубровачка 6, Зграда на Унион банка (Унион Банк), 71 000 Сараево, како и на интернет-страницата: http://www.delbih.cec.eu.int/en/tandb.htm. Краен рок за поднесување на апликацијата е 29 октомври 2004 г.

Т.Х.