извештај на светска банка

Опаѓа влијанието на корупцијата во земјите на транзиција

Последниот извештај на Светската банка: “Антикорупциски мерки во земјите во транзиција 2: Корупција во претпријатијата - Државни интеракции во Европа и Централна Азија 1999-2002” открива дека ширењето и негативното влијание на корупцијата во претпријатијата во земјите во транзиција во Европа и Централна Азија е во опаѓање. Извештајот го анализира трендот на корупција во интеракцијата меѓу претпријатијата и владата во 26 земји во транзиција во Европа и Централна Азија од 1999 до 2002. Во истражувањето се вклучени повеќе од 6500 компании. Сепак, извештајот бележи дека присуството на корупцијата во земјите на ЈИЕ, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија и Романија, с$ уште претставува голем проблем, спротивно на повеќето земји во транзиција од Централна Европа и од балтичкиот регион.                                        

Т.Х.