Граѓанско-советодавни центри

Покренати судски постапки за остварување на правата на маргинализираните групи

Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Гостивар е граѓанската организација каде што се наоѓа главната канце­ларија и координаторот на програмата „Граѓанско-советодавни центри” (ГСЦ), Мухамед Точи. Програмата “Гра­ѓанско-советодавни центри” се одвива на по­веќе од 95% од територијата на Репу­блика Македонија, со поддршка на Маке­донскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Советодавните центри се наоѓаат во Скоп­је, во Делчево, во Штип, во Прилеп, во Ку­маново, со главна канцеларија во Гос­ти­вар, а програма­та се однесува на проблемите и оства­рувањето на човековите права кај маргинализираните групи, посебно кај ром­ската популација.

„Во тек се повеќе суд­ски поста­п­ки за нарушување на чове­ковите права кои се однесуваат на ромската популација во Македонија, а кои­што се регистрирани и ги водат ‘Цен­трите’”, потенцира Мухамед Точи од ХДЗР „Месечина”, ко­орди­на­тор на „Гра­ѓанско-советодав­ни­те центри”. “Тука се неразјаснетиот случај со смртта на малолетничката од ромска националност во Битола, каде што поради одредени притисоци нејзините родители се плашат да поведат обвинение, потоа има уште еден пример од Битола, каде што заради кражба на бакарна жица приведени се Роми кои се тепани во полициската станица, а по откривањето на вистинските сторители, освен усно извинување, нема други правни последици. Околу уривањето на ромската населба Рамина во Велес с$ уште сме во преговори со државата и веќе има кон­кретни резултати”, потенцира Точи.

 

Предмет: Случај Фахрета Рамаданова

Еден од случаите за повреда на основните човекови права е регистриран во „Граѓанскиот советодавен центар” во Скопје, каде што координатор е Ферки Демировски. „Минатата година, на 12 декември, за време на одржување наставен час во ОУ ‘Браќа Рамиз и Хамид’ во Шуто Оризари, учителката К.Р. физички ја нападнала ученичката Фахрета Рамаданова. Фахрета се здобила со телесни повреди - скршени & се два предни заба”, со овие зборови Ферки започна да ни го презентира случајот со Фахрета Рамаданова, за кој с$ уште се чека правна разврска. „С$ започнало кога Фахрета дискретно побарала острилка за молив од нејзината соученичка, почнаувајќи да го остри моливот под клупата. За оваа постапка учителката, фаќајќи ја за косата, два пати & ја удрила главата на Фахрета од работната клупа при што таа се здобила со споменатата повреда. Повредената и искрварена Фахрета од учителката побарала да излезе од часот за да се измие, но таа го одбила тоа. Фахрета подоцна заминала дома и ги известила родителите за случајот кои веднаш се упатиле на разговор кај директорот на училиштето, Шаип Исеин. Тој ја повикал учителката која во нивно присуство го признала направеното дело”, додаде координаторот на ГСЦ - Скопје.

Фахрета не зборува со задоволство за овој случај, но и таа кратко изјави: „И порано се случувало истата учителка да удри некое дете. Сега на местото на старата имаме нова учи­телка која има доста добар однос спрема сите нас”.

Мајка & на Фахрета, Шерифе Рамаданова, додава: „Не баравме многу од неа, само да ни ги плати трошоците за скршениот заб, зашто ние сме социјални случаи. Дури немаше да бараме ни судска завршница за случајов. Но, таа не одби и среќа што ГСЦ во Шуто Оризари ни помогна и ни ги покри сите судски трошоци и трошоците за лекарски преглед. Не бевме ни свесни дека можат толку да ни помогнат. Се надеваме дека приватната тужба конечно ќе резултира во наша корист”.

По признавањето и дописот до Министерството за образование учителката е суспендирана, а ГСЦ - Скопје го следи случајот уште од почетокот, така што по обезбедувањето лекарско уверение за потврда на повредите, бил ангажиран адвокатот Аксел Ахмедов кој поднел и кривична пријава.

Учителката К.Р., како што ни кажа Ферки Демировски, по признавањето на делото, сега истото го негира, и покрај фактот дека една нејзина ученичка се здобила со телесни повреди за време на нејзиниоит час.

На 26 март, годинава, во основниот суд Скопје ИИ се одржала истражна постапка по овој случај. По два месеца, на 10 мај, Фахрета добила известување од Институтот за судска медицина во Скопје дека не се работи за тешка повреда од што произлегло дека јавниот обвинител ја запира истражната постапка. По запирање на постапката, заклучно решение бр.100/04 од 15.06.2004 г., законскиот застапник на Фахрета подготвува приватна тужба која е поднесена во за­конски одреденото време и којашто е во тек.

Во моментот во ГСЦ - Скопје очекуваат резултати за развојот на постапката.

 

Оправданоста на Граѓанско-советодавните центри

Работењето на Граѓанско-советодавните центри го потврдува и неодамнешниот бесмислен настан во скопското кафуле „Њујорк”.

Како што истакна Ѓултен Бекир, соработник во ГСЦ Скопје, по претходна поплака од група млади Роми дека им се нарушени основните човекови права во споменатото кафуле, таа и Ферки Демировски тргнале да го проверат истото. „Неодамна, Ферки и јас отидовме во ова кафуле кое се наоѓа во строгиот центар на градот, покрај кејот. Нарачавме пијалак и почнавме да зборуваме на нашиот мајчин јазик – ром­скиот. По извесно време до нас пријде човекот што требаше да не послужи и ни кажа дека треба да го напуш­тиме локалот. На нашето прашање зошто го прави тоа, тој ни одговори дека така му било речено од претпоставените, дека тука не смеат да се услужуваат лица од ромска национал­ност. Всушност, истото ни го тврдеа и други млади Роми што случајно или намерно се решиле да го посетат овој локал”.

Случајот сега се наоѓа во главната канцеларија на ГСЦ во Гостивар и чека епилог пред комисијата на ГСЦ за одбирање случаи, каде што ќе се одлучува како ќе се постапи понатаму, и дали ќе има барање за правна или друга разрешница. Но, координаторот на ГСЦ, Мухамед Точи, е дециден: „Ќе бараме судска завршница пред Комисијата, односно ќе дадеме препорака сопственикот на кафулето да го дадеме пред суд, односно да поднесеме прекршочна пријава против него”.

Мухамед Точи додаде: Сите случаи ги евидентираме и според нив правиме и статистички извештаи „Тие ќе се доказ и дека по завршувањето на програмата ГСЦ до крајот на 2005 година., имаме право да бараме продолжување на истата, а за неа ќе аплицираме до странските амбасади и меѓународни организации, не исклучувајќи ги и домашните извори на сред­ства”.