ундп
Сервиси на знаење за земјите во развој
Програмата за развој на Организацијата на Обединетите нации – УНДП нуди “сервиси на знаење” за земјите во развој. Поточно, се нуди капацитетот на мрежата на експерти од различни области, кои обезбедуваат совети, скспертиза и трансфер на знаење во земјите во кои дејствува оваа мрежа. Тоа се државите од следниве региони: арапските држави, Карибите, Централна и Источна Африка, Европа/ЦИС, Латинска Америка, Пацификот, Северна и Југоисточна Азија, Јужна Африка, Западна и Јужна Азија и Западна Африка. Мрежата има над 4000 членови, вклучувајќи ги и вработените на УНДП.
Главните области на кои се работи во моментов се: демократското владеење, превенција на кризи, евалуација, ХИВ/СИДА, родови прашања, микрофинансирање и други. За повеќе информации, посетете ја њњњ.ундп.орг.
М.И.
|