Нов проект на Мултимедија

„Кујна за нови медиуми“

Во Мултимедијалниот центар “Мала станица” во Скопје, Центарот за изведувачки уметности “Мултимедија” на 23 февруари ја промовира програмата “Кујна за нови медиуми”.   Особениот интерес на “Кујната за нови медиуми” ќе биде насочен кон градењето стратегија за поврзување на уметноста и технологијата во македонскиот културен дискурс.

Во Мала станица секој последен четврток во месецот ќе се одржуваат ревијални проекции на дела од домашни, од регионални и од меѓународни автори. Шеф на кујната е Елена Јованова, а програмата е поделена во два дела: промоции и презентации и работилници и предавања.  “Кујната за нови медиуми” ќе ја реализираат и партнерите: Мала станица, МаМа од Загреб, КУДА и пер.арт од Нови Сад, “Теорија која хода” од Белград, Питсбург филммејкерс (Питсбургх Филммакерс), САД и Филм-фестивал од Софија.