ИНИЦИЈАТИВА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА
Соработка меѓу граѓаните и царинските служби
Царинската управа во состав на маке­донската влада потегна мошне добра иницијатива која има двојна цел – остварување подобра соработка со граѓаниите и нивно вклучување во борбата против корупцијата. Царин­ската управа ги повикува гра­ѓаните на бројот 197 да пријават случаи на шверц, корупција и неправилно работење на царинските служби.
Четврти Светски социјален форум
Дијалог за формулација на поинаков свет
Светскиот социјален форум 2004 година во Мумбаи (Бомбај) Индија по четврти пат собра голем број организации и движења на граѓанското општество, по претходните три одржани во Порто Алегре, Бразил. Форумот оваа година се одржа од 16 до 21 јануари 2004 година.
НВО ПАРЛАМЕНТ
Соработка со Парламентот
НВО парламентот ја одржа првата кон­ститутивна седница. НВО парламентот, кој го сочинуваат 208 здруженија на граѓани од Македонија, ќе определи и мандатор за НВО Владата, која ќе има 16 ми­нистерства.
ИНТЕРНЕТ-БИБЛИОТЕКА
Ресурсни материјали за граѓанските здруженија
На веб-страницата www.mangoorg.mk/resursi може да се најде мошне корисна интернет-библиотека со ресурсни мате­ријали и материјали за обуки за здру­женијата на граѓани. Иницијативата за покренување ваков вид интернет-биб­лиотека ја спроведуваат Агора, Мата­морфозис и Институтот за трајни заедници, а во збогатувањето на библиотеката може да придонесе секој кој има ресурсни материјали наменети за граѓанскиот сектор.
НОВИ ВРСКИ
Конзулати во Солун и Битола
Најавата на Македонија и на Грција за отворање конзулати во Солун и во Битола е примена со одо­брување на граѓаните од двете држави. Јавноста во Македонија смета дека тоа значи воспос­тавување нови, подоб­рени врски меѓу двете држави. Оваа најава е и официјализирана со пот­пи­шувањето на меморандум за сора­ботка меѓу прет­став­ниците на двете држави, Никола Тодорчевски и Александрос Маљас во јануари годинава.