Министерство за Животна средина и просторно планирање
Пелистер и Радика - годинешни приоритети
Министерството за животна средина и прос­торно планирање за свој приоритет во 2004 година ги смета заштитата на Пелистер и на Радика, а е најавено и продолжување на проектот за заштита на Преспа, за кој се планира да бидат потрошени 705.000 евра од Глобалниот еколошки фонд. Министерството во 2003-та ја заврши реализацијата на проектот за елиминација на последиците од депонирањето на шестовалентниот хром во Јегуновце, со пренасочување на водите од потокот Музга.
Новина од Комунална хигиена
Организирано собирање санитетски отпадоци
Комунална хигиена почна организирано да го собира медицинскиот отпад од приватните организации, и од почетокот на годинава петнаесетина приватни ординации и аптеки почнаа да ги користат нејзините услуги. Комуналните екипи го собираат, транс­портираат и согоруваат медицинскиот отпад на депонијата Дрисла. За килограм подигнат отпад приватниците плаќаат по 385 денари.
ЕКО-НЕТ
Повик за партнерство
Еко-нет, Центарот за електронска кому­никација, упати повик за партнерство до сите здруженија на граѓани од земјава кои работат во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Здруженијата треба да придонесуваат со информации од оваа област, кои ќе бидат пренесувани на веб-порталот на Еко-нет, да иницираат форумски расправи, про­ектни идеи и друго, како и да доста­вуваат периодични извештаи. Еко-нет, пак, на здруженијата-партнери, им обезбедува компјутер и бесплатен интернет-пристап од 30 часа месечно, вклучувајќи ги и телефонските импулси, за шест месеци, со можност за продолжување на дого­ворот.